Амиотрофична латерална склероза

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
Амиотрофична латерална склероза
Класификација и ресурси
ИЦД 10 Г12.2 (G12.2)
ИЦД 9 335.20
OMIM 105400
База на податоци за болести 29148
Медлајн Плус 000688
е-Медицина неуро/14  emerg/24, pmr/10
Медицински теми (MeSH) D000690
Стивен Хокинг, физичар со АЛС.
Стивен Хокинг, физичар со АЛС.


Амиотрофична латерална склероза (АЛС) е прогресивна, обично смртоносна, неуродегенеративна болест предизвикана од дегенерација на моторните неврони, нервните клетки во централниот нервен систем кои го контролираат волното движење на мускулите. Како моторна невронска болест, таа предизвикува мускулна слабост и атрофија по целото тело. Моторните неурони дегенерираат, престанувајќи со својата функција на испраќање на пораки до мускулите. Поради тоа, и мускулите атрофираат како резултат на неактивност.

Пациентот може конечно да ги загуби сите волни мускулни движења освен оние на очите.

Интелектуалните функции генерално не се нарушуваат од болеста, освен кога болеста е поврзана и со предно-темпорална деменција. Сепак, постојат извештаи за пофини когнитивни промени кај многу пациенти кога ќе се подложат на детално тестирање. Сензорните нерви и автономниот нервен систем кој ги контролира вегетативните функции, главно не се засегнати.