Википедија:Принципи и напатствија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Википедија е заеднички проект и неговите основачи и корисници имаат заедничка цел:
- Нашата цел со Википедија е да направиме слободна и релевантна (во смисол на вистинита) енциклопедија - навистина, најголема енциклопедија во историјата, и во ширина и во длабочина.
Википедија има некои принципи и напатствија што ни помагаат да работиме кон оваа заедничка цел. Некои од овие принципи сѐ уште еволуираат, додека другите се подолго време воспоставени и најчесто неконтроверзни.
Додека нашите принципи еволуираат, многу Википедијци сметаат дека пишаните правила се инхерентно неадекватни да ги покријат сите можни варијации на пореметувачко и злобно однесување. На пример, корисник кој постапува против духот на нашите пишани принципи може да биде строго укорен дури ако формално правилата не се прекршени.
Содржина |
[уреди] Клучни принципи
Не е потребно да го прочитате секој принцип на Википедија пред да придонесете! Сепак, следниве се клучни кон продуктивно искуство на Википедија , и што побрзо се справите со нив, толку подобро.
- Википедија е енциклопедија. Нејзините цели не одат понатаму. Видете што не е Википедија за повеќе информации. (врска за ова прашање на англиската вики)
- Избегнете пристрасност. Статиите треба да бидат напишани од неутрална гледна точка, која ги прикажува различните гледишта правично и со уважување.
- Не нарушувајте авторски права. Википедија е слободна енциклопедија која функционира според GNU Free Documentation License (на англиски). Поднесување на дело кое ги нарушува авторските права е закана за нашата цел да изградиме навистина слободна енциклопедија која секој може да ја редистрибуира, и може да доведе до правни проблеми. Видете Википедија:Авторски права за повеќе информации. (врска за ова прашање на англиската вики)
- Почитувајте ги другите соработници. Соработниците на Википедија доаѓаат од различни земји и култури, и имаат многу различни гледишта. Третирањето на другите со почит е клучно за ефективно соработување при изградба на енциклопедија. За некои напатствија, видете Вики-етика (врска на англиски), Правила за однесување при конфликт (врска на англиски), Решавање на спорови (врска на англиски) .
[уреди] Останати принципи и напатсвија
Врски кон различни принципи може да се најдат во следните категории:
- Категорија:Википедија:Принципи - принципи кои се нашироко прифатени и се очекува да бидат следени
- Категорија:Википедија:Официјални принципи - помалку ригидни правила кои се главно консензуално прифатени и применувани во повеќе случаи
[уреди] Конвенции
Преку следење на следните конвенции можеме да направиме поконзистентна и покорисна енциклопедија:
- Уредувачка политика (врска на англиски) (Како да се уредуваат статиите)
- Конвенции при именување (врска на англиски) (Како да се именуваат статиите)
- Појаснување (врска на англиски) (Како да се разрешуваат спорови при именување)
- Политика на употреба на слики (врска на англиски) (Работа со подигнувања)
- Политика на бришење (врска на англиски) (како да номинирате страници за бришење, и како (ограничено) да бришете статии)
[уреди] Процедурални прашања
[уреди] Како се усвојуваат принципите?
Најголемиот број Википедија-принципи се формулирани во раните денови на проектите, генерално пред крајот на 2002. Измените и дополнувањата се прават со консензус (врска на англиски), иако во пракса консензус за промена на политиката е навистина тешко да се постигне. Во многу случаи, принципот се развива неформално; пишаните принципи најчесто кодифицираат подолга традиција.
Исто така, видете Википедија:Како се создава принцип. (врска на англиски)
[уреди] Како се спроведуваат принципите?
Вие сте уредник на Википедија. Википедија нема главен уредник или централизиран хиерархиски механизам кој го прати и одобрува секојдневниот прогрес на енциклопедијата. Наместо тоа, активните учесници ги пратат скорешните промени и прават измени во согласност со содржината и форматот на проблемот што ќе го сретнат. Така, Википедијците се истовремено и писатели и уредници.
Повеќето принципи и напатствија, на тој начин, се спроведуваат од поединечни корисници кои ги уредуваат страниците, и ги дискутираат прашањата меѓусебе. Некои принципи исто така се спроведуваат преку привремени блокови (главно, механизам за справување со вандализам). Во екстремни случаи Комитетот за Арбитража може да донесе одлука заради справување со тешко решливи ситуации, како дел на поопштата процедура за решавање на спорови.
[уреди] Ограничени опции
Некои од опциите на софтверот кои може да бидат потенцијално злоупотребени, како што е бришење на страници и заклучување на страници од уредување, се ограничени на администраторите, кои се искусни членови на заедницата на кои може да им се верува. принципите кои главно се однесуваат на администраторите се:
- Правила за заштитување (врска на англиски) (Како и кога да се заштити страница)
- Политика на блокирање (врска на англиски) (Блокирање на корисници за да се спречи вандализам или да се спроведат одлуки на комитетот за арбитража)
[уреди] Типови на принципи и напатствија
Како додаток на општоприфатените политики искажани во горниот дел, следните напатсвија се предложени од различни учесници:
[уреди] Општи напатствија
- Бидете храбри во ажурирањето на страниците (врска на англиски)
- Направете мрежа (врска на англиски)
- Користење на ботови (врска на англиски)
- Давајте заклучок при уредувањето (врска на англиски)
За други корисни совети, видете Избегнување на вообичаените грешки (врска на англиски).
[уреди] Напатствија за однесување
- Потпишувајте се на страниците за разговор (врска на англиски)
- Избегнувајте вулгарност (врска на англиски)
- Без лични напади (и преместете ги личните дебати по електронска пошта) (врска на англиски)
- Без правни закани (врска на англиски)
- Бидете пресметливи (врска на англиски)
- Без навредливи кориснички имиња (врска на англиски)
- Не гризете ги новодојденците (врска на англиски)
- Не правите статии за себе (врска на англиски)
- Правило на три враќања (Уредувачките војни се сметаат за штетни) (врска на англиски)
- Користете ги вашите кориснички страници соодветно (врска на англиски)
- Општи напатствија за страниците за разговори (врска на англиски)
[уреди] Напатствија за содржината
- Водич за пишување на подобри статии (врска на англиски)
- Објаснете го жаргонот (врска на англиски)
- Справете се соодветно со потполните бесмислици (врска на англиски)
- Цитирајте извори: насочете го читателот кон релевантите референци, (и поредете ги правилно) (врска на англиски)
- Проверливост: осигурајте се дека цитираната информација е проверлива по потреба (ова не значи дека таа е "официјална", повеќе се однесува дека дека таа постои како што е речено) (врска на англиски)
- Избегнувајте изјави кои набргу ќе застарат (врска на англиски)
- Држете се до темата (врска на англиски)
- Предупрете ги читателите за spoiler-и (врска на англиски)
- Направете ги статиите корисни за читателите (и мислете на публиката при пишувањето) (врска на англиски)
- Проверете ги вашите факти (врска на англиски)
- Напатствија за користење на страниците за разговор (врска на англиски)
- Избегнувајте самореференцирање (врска на англиски)
- Зборови за избегнување (врска на англиски)
- Алгоритми на Википедија (врска на англиски)
- Избегнувајте долги, одделни заклучоци за филмови и книги (врска на англиски)
[уреди] Напатствија за стилот
- Прирачник за стилот (врска на англиски)
- Не вклучувајте копии на првобитните извори (врска на англиски)
- Следете ги конвенциите за нагласување (врска на англиски)
- Мислете на контекстот кога правите врски (врска на англиски)
- Користете поднаслови умерено (врска на англиски)
- Не користете прелом на редови (врска на англиски)
- Википедија:Водич за пишување на подобри статии (врска на англиски)
- Не користете подстраници (врска на англиски)
- За целосен список, видете Категорија:Википедија напатствија за стилот
[уреди] Напатствија за начините на групирање на статиите
- Избирање на соодветна техника на групирање Википедија:Категории, листи, и кутии за серии (врска на англиски)
- По техника на групирање:
- Листи (врска на англиски)
- Категории (врска на англиски), и други статии во Категорија:Википедија категоризација
- Навигациони шаблони (врска на англиски) (или: кутии за серии)
[уреди] Други текстови и дискусии во врска со Википедија
- Сајтот Мета - Википедија (на англиски) содржи многу статии во врска со Википедија и поврзани теми во воведен стил.
- Создавање на како-да статии во Википедија (врска на англиски)

