Помош:Ситна промена

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај

Додавање на ознака во рубриката Ова е ситна промена значи дека сте направиле само површни промени меѓу новата и старата верзија, на пример:

  • поправање на правописни грешки;
  • форматирање, различен изглед на статијата;
  • разместување на порции на текст без промена на содржината и слично.

Едноставно, мала промена е онаа за која уредникот верува дека не треба преглед и дека таа никогаш не може да биде спорна.

Спротивно од тоа, поголема промена е верзија која треба да биде прегледана, да се потврди дека со неа се согласуваат сите заинтересирани уредници. Така, било која промена која го менува значењето на статијата не е мала, дури ако сме промениле и само еден, единствен збор.

Разликата меѓу мали и поголеми промени е важна, бидејќи соработниците можат да не обрнат внимание на измените кои се означени како ситни при преглед на скорешните промени; пријавените корисници можат да ги направат своите прилагодувања на тој начин што тие воопшто нема да се прикажуваат. Ако мислите дека постои било каква можност друг уредник да ги оспори вашите промени, ве молиме, немојте да ги означите како ситни.

Сорабониците кои не се пријавени не можат да ги обележат ситните промени, заради спречување на потенцијален вандализам. Можноста за означување на ситни промени е уште една причина за регистрација.

[уреди] Кога да ја означите промената како мала

  • Поправки на правописот;
  • Едноставно форматирање (големи букви, запирки, загради, основна граматика и сл.);
  • Форматирање кое не го менува значењето на статијата (на пр. додавање на хоризонтални линии, раздвојување на секции текст);
  • Очигледни фактографски грешки (на пр. промена на 1873 во 1973, кога настанот очигледно се случил во 20. век);
  • Поправки на грешки во изгледот;
  • Додавање и преместување на викиврски;
  • Бришење на вандализам.

[уреди] Што треба да се запамети?

  • Било која промена во изворниот текст, дури ако не влијае на прегледот на страницата во хтмлот (на пр. додавање празно место, премин во нов ред) ќе биде третирана како промена во базата на податоци.
  • Означување на поголема промена како ситна се смета за лошо однесување, особено ако промената е бришење на дел од текстот.
  • Отстранувањето на измените на страницата во поголемиот дел од ситуациите не може да се смета како ситна промена.

Кога статусот на страницата е спорен, особено ако се подготвува „уредувачка војна“, најдобро е ниту една промена да не се означува како ситна, со исклучок на отстранување на очигледен вандализам.

Ако случајно означите некоја промена како мала, направете уште една измена, на пр. додадете празно место меѓу два збора (некои видови на промени, како додавање на празен ред на крајот од статијата автоматски се занемаруваат), а потоа во описот означете дека претходната промена била голема.

Секое несогласување околу ситните промени треба да се дискутираат на страниците за разговор.

[уреди] Види исто така