Главна страница / избрана статија / 2008
Од Википедија, слободна енциклопедија
|
Избрани статии се оние статии кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни и најсодржајни. Пред да се постави овде некоја статија истата мора да биде изгласана за уредност, точност, неутралност и стил на пишување. Предлагачот на избрана статија потребно е на страницата за разговор да предложи и текст (извадок или сиже од статијата) кој ќе оди на главната страница и истиот да биде ставен на увид при гласањето. Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас за, воздржан или против, како и свое мислење преку коментар, користејќи ги за сето ова соодветните шаблони: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} и {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува во недела во 24 часот по македонско време, и потоа сликата која добила најмногу гласови се поставува на главната страница. Забелешка: На секоја од избраните статии, најдолу, под категориите, се поставува шаблонот {{Избрана}}.
Монголскиот јазик ( Првите зачуван монголски текст е Каменот од Јисунге, извештај за спортови на монголско традиционално писмо што датира некаде од 1224 или 1225 година. Други рани записи напишани на монголски јазик се фагспа натписот (декрети), кинески карактери, Тајната историја на монголците, арапска азбука (речници), и мал број западни натписи. Овие натписи и текстови го претставуваат средновековниот монголски јазик што се зборувал од 13 век па се до раниот 15 век или 16 век. Документите на монголски јазик покажуваат некои различни лингвистички карактеристики и се често разделени со именување на наивниот јазик како пред-класично пишување на монголски јазик. Класичниот монголски јазик датира од 17 па се до 19 век. Јазикот се пишувал со голем степен на стандардизација во ортографијата и синтаксата што е блиску до денешниот модерен монголски јазик. Најзначајните монголски документи од овој период се монголските канџур и танџул, како и неколку колекции на хроники.
Чај (од кин. 茶, chá) е пијалок кој се прави со киснење на преработени листови, пупки или ветки од чајната билка (лат. Camellia sinensis), во врела вода неколку минути. Билката може да се преработува со оксидација, загревање, сушење и додавање на други билки, цветови, зачини и овошки. Зависно од начинот на преработка на чајните листови, постојат четири главни вида на чај (од најмногу кон најмалку преработениот): црн чај, улонг, зелен чај и бел чај. Поимот „билен чај“ се однесува на инфузии од овошки или билки (како шипинка, камилица, или џиоагулан) кои не содржат Camellia sinensis. Во оваа статија се зборува само за приготвувањето и употребата на чајот од C. sinensis. Чајот е природен извор на аминокиселината теанин, метилксантини како кофеинот и теоброминот, и полифенолски антиоксидантски катехини. Речиси воопшто не содржи јаглехидрати, масти или протеини. Има разладен, малку нагорчлив и устособирачки вкус. Според една позната кинеска легенда, Шеннунг, легендарниот кинески цар, изумител на земјоделството и кинеската медицина, околу 2737 п.н.е. пиел врела вода кога ветрот дувнал и неколку листови од блиското дрво паднале во чашката, па течноста почнала да ја менува бојата. Љубопитниот монарх пробал од новонастанатиот пијалок и пријатно се изненадил од вкусот и закрепнувачките својства. Друга варијанта на легендата вели дека царот на себеси ги опитувал лековитите својства на растенијата, од кои некои биле отровни, и увидел дека чајот работи како противотров.
Неидентификуван летечки објект или НЛО, е било каков летечки објект кој не може да биде идентификуван. Најголемиот дел од дискусиите за НЛО целат кон тоа дека некои од нив би можеле да бидат вонземјански направи, но нема научни докази кои би го поддржале ова објаснување. Извештаи за необични воздушни феномени датираат уште од антички времиња, но актуелни записи и први официјални истраги започнуваат да се пишуваат и спроведуваат дури за време на Втората светска војна, со забележувања на т.н. фу-фајтери во 1946 и широко-познатите видувања на европски „ракети-духови“. Овие НЛО видувања и пријавувања пристигнуваат во сé поголем број по првиот публициран натпис во САД за НЛО, кога приватниот пилот Кенет Арнолд, во летото 1947, тврди дека видел еден таков објект. Оттогаш се пријавени десетици илјади видувања на НЛО на светско ниво.
Европското првенство во фудбал 2008, често нарекувано само Евро 2008 е тринаесеттото Европско првенство во фудбал, најголем фудбалски турнир на кој учествуваат најдобрите фудбалски репрезентации од европскиот континент. Турнирот, чии домаќини беа Австрија и Швајцарија, започна на 7 јуни 2008 година и заврши со големото финале меѓу Шпанија и Германија, одиграно на Ернст Хапел стадионот во Виена на 29 јуни 2008, на кое шпанската репрезентација со голот на Фернандо Торес успеа да ја освои својата втора европска титула. Претходно, во полуфиналните натпревари, Шпанија ја победи Русија, а Германија во еден возбудлив натпревар успеа да ја совлада Турција со гол во последната минута. На турнирот учествуваа шестнаесет земји. Австрија и Швајцарија се квалификуваа автоматски како домаќини; останатите четиринаесет репрезентации беа избрани низ квалификациски циклус, кој отпочна од август 2006 година. Шпанија, како победник на Евро 2008 се пласира на Купот на Конфедерациите 2009, закажан да се оддржи во Јужна Африка.
Битола е град во југозападниот дел на Република Македонија, административен, културен, економски, индустриски, образовен, научен како и дипломатски центар, и поради тоа е познат и под името град на конзулите. Битола е втор по големина град во Република Македонија според бројот на жители, и трет според површината. За време на Југославија бил еден од културните центри, како во Кралството Југославија, така и во СФР Југославија. Таткото на турската нација Кемал Ататурк завршил офицерска школа во Битола. Некои негови работи денес се чуваат во битолскиот Народен музеј. Традиционално силниот трговски центар, е познат и како град на конзулите поради тоа што за време на Отоманската империја, Битола имала дури дваесет конзулати од разни европски земји. Во истиот период, градот имал многу школи, меѓу другите и воена академија, којашто ја посетувал и славниот турски реформатор Кемал Ататурк. На крајот на деветнаесеттиот век бил толку просперитетен град, што неговото население непрестано растело и го надминало бројот на населението на Белград. Градот бил преполн со фабрики, а интересно е и тоа што покрај фабриката на Сингер, во Битола уште во тоа време постоела фабрика за слатки. Во Битола се снимени првите фотографии и филмови на Балканот, благодарејќи на браќата Манаки. Тоа било златното доба на градот. За жал, за време на Балканските војни, многу битки биле водени во околината на градот и самиот град, па многу материјални докази, како и фотографски документи, изгореле или биле потполно уништени. Архитектурата можела да се обнови, посебно последните петнаесетина години, а докази за сѐ што се случувало се и прераскажувањата на старите кои добро се сеќаваат. Меѓутоа, денес останале многу организации и фестивали, коишто по долг период, повторно се оддржуваат. Еден од нив се оддржува секој година од 29 јули до 2 август во Битола, во знак на спомен на Илинденското востание, под името „Културен фестивал Илинденски денови“.
Евтини приказни (англиски: Pulp Fiction) е американски филм од 1994 на режисерот Квентин Тарантино кој го напиша заедно со Роџер Ејвери. Познат е по нелинеарната приказна, еклектичкиот дијалог, ироничната мешавина на хумор и насилство и референци од филмови и од популарната култура. Номиниран е за седум Оскари, вклучувајќи за најдобар филм; Тарантино и Ејвери ја освоија наградата Оскар за најдобро оригинално сценарио. На Канскиот филмски фестивал е награден со Златна палма. Големиот комерцијален успех ја ревитализираше кариерата на главниот глумец, Џон Траволта, кој беше номиниран за Оскар, како и Семјуел Л. Џексон и Ума Турман. Насловот на филмот се однесува на шунд списанијата и „тврдо варените“ криминалистички романи од средината на 20 век, познати по сликовитите прикази на насилство и испразнети дијалози. Приказната е, како и во другите дела на Тарантино, нелинеарна. Критичарите го нарекуваат филмот прв пример за постмодерен филм заради неговата саморефлективност и неконвенционална структура. Евтини приказни послужи како инспирација за многу подоцнежни филмови кои примија многу елементи од неговиот стил. Природата на неговата продукција, маркетингот и дистрибуцијата и дополнителната профитабилност имаа силно влијание на подрачјето на независната кинематографија.
Јустинијан I (латински: Flavius Petrus Sabbatius Iustinianus) (11 мај, 483–13/14 ноември, 565) бил византиски цар, император на Источното Римско Царство (од 527—565 год.), христијанин и православен теолог. Најстојувал да ја обнови моќта и големината на Римската Империја која била ослабена со упадите на варварските племиња. Познат е по проширувањето на Империјата, првенствено со воените кампањи на Велизариј, како и по неговиот брак со контраверзната царица Теодора. Историјата го памети и како најголем кодификатор на класичното римско право. Јустинијан бил една од најзначајните личности во доцната антика, и со него завршува периодот на благосостојба во Византија, се' до 9 век кога таа повторно ќе се издигне. Големината на овој цар е неразделно поврзана со неговата длабока православна вера. Верувал и живеел според верата. За време на Пост не јадел леб и не пиел вино, а се хранел со зелје и пиел вода секој втор ден. Завојувал со дунавските варвари само затоа што ги кастрирале заробениците. Ова е еден од знаците на неговото човекољубие. Бил среќен и успешен во војните и во работата. Изградил голем број прекрасни храмови, од кои најубав е Света Софија во Цариград. Ги собрал и ги спроведувал римските закони. Самиот издавал многу строги закони против неморал и распусност. Ја составил црковната песна „Јединородни Сине и Слове Божји“, којашто од 536 година почнала да се пее на литургија. Го свикал Петтиот Вселенски Собор во 553 година. Поради неговите заслуги за развојот на црквата и ширењето на верата, Светиот Цар Јустинијан се смета за светец во православното христијанство.
Меѓународниот Црвен Крст и Црвена Полумесечина е меѓународно хуманитарно движење со околу 97 милиони доброволци ширум светот, чија мисија е да го штитат човечкиот живот и здравје, да обезбедат почитување на човекот, и да го оневозможат или олеснат човечкото страдање, без било каква дискриминација заснована на националност, раса, религија, класна припадност и политичко мислење. Често слушаниот израз „Меѓународен Црвен Крст“ всушност е погрешен, бидејќи не постои таква организација. Во стварност, Движењето се состои од неколку одделни организации кои се правно независни, но се обединети во Движењето преку заеднички основни принципи, цели, симболи, статути и органи на управување. Деловите на Движењето се:
Национални здруженија на Црвениот Крст и Црвената Полумесечина постојат во речиси сите земји во светот. Во моментов, 186 национални здруженија се признаени од МКЦК и се примени како полноправни членови на Федерацијата. Секоја членка работи во својата земја според принципите на меѓународното хуманитарно право и статутите на меѓународното движење. Зависно од нивните конкретни околности и можности, националните здруженија можат да преземат дополнителни хуманитарни активности кои не се директно дефинирани со меѓународното хуманитарно право или со одредбите на меѓународното движење.
Манчестер Јунајтед (англ. Manchester United) е светски познат англиски фудбалски клуб, чиј стадион е Олд Трафорд кој се наоѓа во Трафорд, пошироката околина на Манчестер. Тој е еден од најпопуларните спортски клубови во светот со повеќе од 50 милиони обожаватели. Манчестер Јунајтед е исто така и еден од најуспешните клубови во светот, а во англиската лига се наоѓа на второто место по бројот на освоени титули, веднаш зад Ливерпул. Ја има освоено англиската лига 17 пати, ФА Купот - 11 пати (рекорд во Англија), два пати Лига Купот, Купот на Победниците на Куповите на УЕФА еднаш, Интерконтиненталниот Куп еднаш и Европскиот Супер Куп еднаш. На 21. мај 2008. со победата над Челзи Манчестер Јунајтед по трет пат победи во Лигата на шампионите. Клубот има највисок просек на посетеност на натпреварите во англиската лига континуирано во последните 34 сезони, со исклучок на периодот од 1987-1989 за време на реновирањето на Олд Трафорд. Меѓу европските клубови, Манчестер е предводник во однос на годишните финансиски добивки во текот на деценијата меѓу 1990 и 2000, во наредниот период го губи приматот но во 2008 година повторно е најбогат клуб во светот со вредност од 1 милијарда и 330 милиони долари. Од 1991 година клубот се водеше како Друштво со ограничена одговорност и требаше да биде преземено од Руперт Мердок во 1998 преку зделка што беше блокирана од британската влада. Кон крајот на 1990тите, вредноста на клубот достигна повеќе од £1 милијарда, правејќи го процесот на откупување безмалку невозможен. Сепак, во мај 2005, Малколм Глејзер го комплетираше превземањето на компанијата против волја на клубот и го повлече името Манчестер од лондонската берза. Моментално, капитен на Манчестер Јунајтед е Гери Невил, кој капитенската улога ја презеде од Рој Кин на 16 ноември 2005 година.
Наполеон Бонапарт (1769-1821), француски император, основоположник на многу реформи на Француската Револуција. Тој е еден од најголемите воени гении во 19 век; ја освоил цела Западна Европа и Египет, додека воведувал реформи во овие нови територии, цело време им гарантирал слобода на народот и дека ќе го подобри начинот на живеење. Тој самиот се крунисал за император на Франција во 1804 и вовел реформи очекувајќи да го обедини незадоволниот народ. Неколку од Наполеоновите реформи се во употреба и денес. Наполеон e роден на 15 август 1769 во Ајачио, на островот Корзика и e крстен како Наполеон (во Франција неговото име станало Наполеон Бонапарта). Тој е второто дете (од осумте деца) на Карло (Чарлс) Бонапарта и Летиција Рамолино Бонапарта, и двајцата од повисоката Корзиско-Италијанска класа. Но, Наполеон никогаш не бил професионален војник. Карло бил адвокат кој се борел за Корзијската независност, но откако Французите го освоиле островот во 1768, тој служел како обвинител и судија, и влегол во Француската аристократија како гроф. За време на влијанието на татко му, Наполеон се изучувал на трошок на кралот Луј XVI, во Брине и Военото Училиште, во Париз. Наполеон матурирал во 1785, на возраст од 16 години, и се приклучил на артилеријата како втор наредник...
Арсенал ФК е професионален фудбалски клуб од Холовеј, Северен Лондон. Тимот игра во Англиската Премиер Лига и е еден од најуспешните во англискиот фудбал, со освоени 10 трофеи во Англиска Прва Дивизија, 3 во Англиската Премиер Лига и 10 ФА купови. Основан е во 1886 година во Вулвич, југо-источен Лондон од страна на работници во Кралскиот Арсенал. Својот прв голем трофеј го освоиле во 30те, а тој трофеј го проследиле со освојување уште 5 прволигашки титули и 2 ФА Купови. Во повоениот период Арсенал стана втор клуб во Англија кој освоил Двојна Круна. Тоа го направил во сезоната 1970-71. Оттогаш Арсенал стана еден од најуспешните клубови во Англија, освојувајќи уште две Двојни Круни, Премиер Лигата 2003-04 без пораз (втор клуб кој успеал да направи вакво нешто, прв во Премиер Лигата) а во 2005-06 стана првиот лондонски клуб кој стигнал до финалето на Лигата на Шампиони. Клубот од своето основање игра со црвено-бели дресови, кои со текот на годините го имаат променето единствено дизајнот. Арсенал се има преселено, од Вулвич каде што бил основан, на стадионот Арсенал во Хајбери Северен Лондон во 1913. Во 2006 клубот повторно се пресели, овојпат 500 метри на запад на новиот Стадион Емирати во Холовеј. Арсенал имаат голем број навивачи, во Лондон но и во остатокот од Велика Британија и светот. Клубот има и долги ривалства со неколку клубови од Англија. Меѓу најдолгите е она со локалниот ривал Тотенхем Хотспур. Меѓу двата клуба редовно се одигрува познатото Северно Лондонското Дерби. Арсенал е еден од најбогатите клубови во Англија, со проценета вредност од околу 600 милиони фунти во 2007. Арсенал е основан под името Дајл Сквер во 1886 од работници во Кралскиот Арсенал во Вулвич, но набрзо бил преименуван во Кралски Арсенал. Тимот повторно го променил името во Вулвич Арсенал, кога се здобил со професионален статус во 1891. Клубот влегол во Фудбалската Лига во 1893, почнувајќи во Втората Дивизија, а се изборил и за влез во Првата Дивизија во 1904. Сепак географската изолација резултирала со помала посетеност на натпреварите споредено со другите клубови што довело до сериозни финансиски проблеми и прогласување на банкрот во 1910, кога клубот бил купен од
Киро Глигоров бил првиот претседател на самостојна Република Македонија од 1991 до 1999 година. Функцијата ја извршувал во два мандати: прв пат за претседател бил избран на 27 јануари 1991 година од страна на Собранието на Република Македонија, а втор пат на 19 ноември 1994 на општи претседателски избори. Функцијата претседател на Републиката ја вршел до 19 ноември 1999 година. Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип. Завршил правен факултет во Белград во 1939 година. Соработувал со Кузман Јосифовски - Питу и активно се вклучил во комунистичкото и антифашистичкото движење. На Првото заседание на АСНОМ, одржано на 2 август 1944 во манастирот Свети Прохор Пчињски, тој го водел записникот од заседанието, но исто така бил избран и за член на АВНОЈ. Од 1945 до 1987 вршел бројни високи функции во федералната власт и во комунистичката партија на СФРЈ во Белград. Во 1987 се пензионирал, а потоа продолжил да соработува со Анте Марковиќ, а подоцна и со Петар Гошев на реформирањето на политичкиот и економскиот систем на СФРЈ. Во 1989 се вратил во Македонија. На 3 октомври 1995 година врз Глигоров бил извршен неуспешен обид за атентат, кој го преживеал со тешки повреди на главата. Нарачателите и извршителите на атентатот до денес се непознати. Кон крајот на својата кариера, Киро Глигоров бил најстариот македонски политичар, со околу 70 години активност во современата историја на Македонија. Во 1999 година, кога завршил неговиот втор претседателски мандат, тој имал 82 години, а во 2000 Гинисовата книга на рекорди го забележалa како најстар претседател на држава во светот.
Оваа недела се навршуваат 105 години од загинувањето на Гоце Делчев (1872 – 1903), еден од најголемите револуционери во историјата на македонскиот народ, лидер на Тајната Македонско - Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), подоцна преименувана во ВМРО. Делчев станал учител во бугарското машко трикласно училиште во Штип (Ново Село), каде што се запознал со Даме Груев, еден од основачите на ТМОРО. Делчев ѝ се придружил на Организацијата во 1895 набрзо станувајќи нејзин водач. За време на честите обиколки низ Македонија работи на создавање организациона мрежа со здрави и цврсти бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Цел е автономиjа или целосно ослободување на Македонија и Одринско од османлиското ропство и создавање на независна македонска држава. На редовното советување во декември 1902 година, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и други водачи на ТМОРО решиле да не се крева фронтално востание во Македонија, туку да се води партизанска војна. Целта како што изјавил Гоце требала да биде: „не ние да ја победиме Турција туку таа да не нè победи нас.“ Тие сметале дека меѓународната и внатрешната ситуација на Македонија не е поволна за кревање востание. На 2 мај Гоце Делчев пристигнал во село Баница, близу до Сер, за што од страна на непознат(и) дознала турската управа. Во зорите на 4 мај 1903, Гоце Делчев и неговата придружба биле известени од јатаците дека биле под опсада од турската војска (аскер). Во текот на денот, на 4 мај 1903 во борбите при излегување од село Баница, Гоце Делчев бил убиен. Неговите посмртни останки од 11 октомври 1946 година се погребани во Скопје, во црквата Свети Спас.
Канада зафаќа поголем дел од Северна Америка, на југ се граничи со САД, на северозапад со сојузната држава на САД - Аљаска. Се протега од Атлантскиот океан на исток до Пацификот на запад, на север се наоѓа Арктичкиот океан. Првите Европски доселеници се Викинзите, кои околу 1000-та година се населуваат на брегот на Атлантикот. Следната посета на Европјаните е во 1497, кога истражувачката експедиција на Џон Кебот од Кралството Англија пловела покрај Атлантскиот брег на Канада и Жак Картие во 1534 од Франција. По нив, повремено до истиот брег допловувале рибари и китоловци од Баскија во текот на целиот 16-ти век. Канада има околу 31,5 милиони жители. Прирастот на населението се должи главно на доселеништвото. Околу 3/4 од населението живее во појасот од 150 km од границата со САД, веројатно поради климатските прилики. Огромното мнозинство од населението живее во појасот Квебек сити - Виндзор, кој ги опфаќа и градовите Монтреал, Отава и Торонто, потоа во појасот Едмонтон - Калгари во Алберта и Ванкувер, Британска Колумбија. Според пописот од 2001, Канада има 34 етнички групи со по најмалку 100.000 припадници, a 83% од населението се сметаат за белци. Официјални јазици во Канада се англискиот и франускиот. Англискиот е мајчин јазик на 59,7%, а францускиот на 23,2% од населението. 98,5% од канаѓаните зборуваат англиски или француски. 85% од франкофоните живеат во Квебек. Неколку индијански јазици исто така имаат официјален статус во Северозападните територии. Инуктитут е мнозински јазик во Нунавут и еден од трите официјални јазици во територијата. Според многу показатели, како што се Степенот на човеков развој на ОН, Индексот на глобализација, Квалитетот на живот, Одржливоста на животната средина, Економските слободи и др., Канада е меѓу водечките земји во светот. Во Канада живеат голем број македонски иселеници и нивни потомци.
Георг Фридрих Хендл (герм. Georg Friedrich Händel, англ. George Frideric Handel) (23 февруари 1685 – 14 април 1759) е германски британски барокен композитор, водач во музичките форми кончерто гросо, опера и ораториум. Роден е во Хале, а го провел речиси сиот полнолетен живот во Англија, британски државјанин на 22 јануари 1727. Неговите најпознати дела се Месија, ораториум според текст од Крал Џејмсовата Библија, Музика на вода и Музика за кралскиот огномет. За поука и инспирација ги користел техниките на големите композитори на италијанскиот барок, како и музиката на Хенри Персел, а самиот пак извршил големо влијание врз многу композитори по него како Хајдн, Моцарт и Бетовен, а неговите дела биле од значење за преодот од Барокот кон Класицизмот. Хендл бил високо почитуван од другите композитори, како за време на неговиот живот, така и по него. Бах има кажано: „[Хендл] е единствениот човек кој би сакал да го видам пред да умрам, и единствениот човек кој би сакал да бидам, да не бев Бах“. Моцарт пак, се вели дека се изјаснил: „Хендл го разбира ефектот подобро од сите нас. Кога ќе посака, удира како молња“, а пак за Бетовен тој бил „учителот на сите нас“. Подоцна тој над сѐ ја истакнал едноставноста и популарната допадливост на Хендловата музика со исказот: „одете кај него за да научите како да постигнете големи ефекти на така едноставен начин“.
Шарл Пјер Бодлер (9 април 1821 - 31 август 1867), еден од најголемите и највлијателните француски поети на деветнаесеттиот век. Исто така останува запаметен и на полињата на преведувачката и критичарската дејност. Влијанието на Бодлер врз развитокот на англиската и француската литература е навистина големо. Најголемите француски писатели што доаѓаат по него не ги штедат епитетите; само четири години по неговата смрт, Артур Рембо во едно свое писмо го возвишува Бодлер како "Крал на Поетите, вистински Бог". Во 1895 година, Стефан Маларме издава еден сонет во чест и сеќавање на Бодлер Le Tombeau de Charles Baudelaire (Гробот на Шарл Бодлер). Марсел Пруст во еден свој есеј издаден во 1922 деклaративно изјавува дека заедно со Алфред де Вињи, Бодлер е "најголемиот поет на деветнаесеттиот век". Во исто време додека Елиот го велича Бодлер од еден конзервативен и експлицитно христијански аспект, левичарските критичари како Вилсон и Волтер Бенџамин го прават тоа од една драматично различна точка. Бенџамин ги преведува Бодлеровите Tableaux Parisiens (Париски сцени) на германски и издава еден голем есеј во врска со преводот како предговор. Во доцните 1930ти, Бенџамин го искористува Бодлер како појдовна и фокусна точка во неговиот монументален обид да изврши материјалистичка проценка на културата во деветнаесеттиот век, Das Passagenwerk. За Бенџамин, значењето на Бодлер лежи во неговиот обид да изврши анатомија на толпата, на градот и на модернизмот.
Елизабета I (англ. Elizabeth I) (7 септември 1533 - 24 март 1603) била кралица на Англија, кралица на Франција (само титуларно) и кралица на Ирска од 17 ноември 1558г. па се до нејзината смрт. Понекогаш е попозната преку нејзините синоними како Девствената Кралица или Добрата Кралица Бес. Кралицата Елизабета претставувала петти и последен монарх од династијата Тјудори (претходните пет биле нејзиниот дедо Хенри VII, нејзиниот татко Хенри VIII, нејзиниот полубрат Едвард VI и нејзината полусестра Мери I). Владеела околу 45 години, период кој бил обележан со зголемување на Анлгиската моќ и влијание во меѓународните односи, како и големи религиозни нереди кои беснееле внатре во Англија. Нејзиното владеење е одбележано како Елизабетино доба или Златното доба на кралицата Елизабета. Вилијам Шекспир, Кристофер Марло и Бен Џонсон сите живееле и твореле за време на оваа ера; Францис Дрејк станал првиот Англичанец кој го обиколил светот; Францис Бејкон ги изнел своите политички и филозофски гледишта; а Англиската колонизација на Северна Америка отпочнала благодарејќи на Сер Волтер Рајли и Сер Хамфри Гилберт. Елизабета била сигурна и силна владетелка. Нејзиното омилено мото било video et taceo („гледам и памтам“). Оваа последна нејзина карактеристика, честопати посматрана со нетрпение од нејзините советници, ја има спасено од недолични додворувања и брачни понуди. Баш како и нејзиниот татко Хенри VIII кој бил писател и поет, и Елизабета ги следела неговите стапки. Има врачено Кралски прогласи на неколку значајни организации меѓу кои вредни да се споменат се Колеџот на Тројството во Даблин во 1592. како и на Источноиндиската компанија во 1600.
Косовска битка исто така и: Битка на Косово Поле или Косовски бој (срп. Косовска битка, Бој на Косову Пољу) е назив за најголемиот директен судир меѓу војските на српското благородништво и Турците-Османлии. Според историските извори, но и народните преданија, битката се одиграла на |