Македонци
Од Википедија, слободна енциклопедија
| Македонци | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Крсте Петков Мисирков · Димитрија Чуповски Кочо Рацин · Методија Андонов Ченто Симон Трпчески · Милчо Манчевски Горан Пандев · Мајк Зафировски |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Вкупен број на населението | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
околу 3 милиона |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Региони каде што живее етничката група | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Јазици | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| македонски | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Религии | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| православие, ислам, протестантизам, атеизам | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Поврзани етнички групи | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
• Словени |
Македонците се европски народ кој ја населува историско-географската област Македонија. Поголемиот дел од Македонците живее во Република Македонија, и има значителни македонски малцинства во Бугарија, Грција, Албанија и Србија. Македонците го говорат македонскиот јазик и припаѓаат во групата на јужно-словенски народи[20][21].
[уреди] Антрополошки карактеристики
[уреди] Теории за потеклото
[уреди] Официјален став
Официјалниот став за културолошкиот карактер на Македонците е дека македонското културно наследство е словенско, со силни византиски и отомански влијанија и примеси[22]. Македонците имаат богат средновековен културен фонд, чијшто индикатори се многубројните фрески, иконостаси и дрворези во црквите и манастирите, народните носии, книжевноста и друго.
Македонскиот народ исто така има голема историска улога во создавањето на словенската писменост. Имено, гласовниот инвентар на дијалектот на македонските Словени од околината на Солун е земен за основа на првото словенско писмо (глаголицата), а самиот дијалект издигнат до ниво на прв книжевен словенски јазик (во науката познат како старословенски), што чини Македонците да имаат извонреден придонес за општословенската и европската култура.[23].
[уреди] Современи тенденции
Покрај официјалниот став, постојат неколку други теории за карактерот на македонскиот народ. Најпопуларната од нив е тезата за директна врска меѓу древните со денешните Македонци. Според оваа теорија, поддржувана особено од Александар Донски и Васил Иљов, Македонците се автохтоно население, кое и покрај транзицијата на други народи на овие подрачја, сепак ги има задржано цртите од своите антички предци[24].
Треба да се спомене и истражувањето на Каменот од Розета спроведено од академик Томе Бошевски и проф. д-р. Аристотел Тентов (за кое МАНУ сѐ уште се нема официјално произнесено), кои сметаат дека средниот текст од каменот е напишан на античко-македонски јазик, кој пак, според нивните заклучоци, е особено сличен и близок со денешниот современ македонски јазик во однос на дел од лексиката и граматиката[25].
Овие теории ја негираат словенската врска во етногенезата, и не се подржани од официјалната македонска наука.
[уреди] Култура
Културата на Македонецот е импресионистичко-традиционалистичка. Таа е силно поврзана со неговата родна земја и поднебјето во коешто живее. Богатото културно наследство на Македонците доаѓа до израз во народното творештво, раскошните народни носии, украсите и орнаментите во градските и селските куќи, самиот архитектурен стил, манастирите и црквите, иконостасите, иконите, дрвозерите, литературните дела итн.
Македонија се смета за лулката на словенската писменост и култура, а градот Охрид за Ерусалим на словенското православие. Имено во Македонија се создава првата словенска азбука, и се прави прва кодификација на старословенскиот јазик. Солунскиот македонски дијалект се зема како основа за црковно-словенскиот јазик на кој до ден денес се држи богослужба.
[уреди] Традиција
Македонецот се гордее со својата боречка традиција. Неговиот непокорен слободарски дух го манифестира со буни, востанија и отворена вооружена борба против поробителите.
[уреди] Религија
Македонците се претежно православно христијани. Втори по бројност се Македонците муслимани, а по нив се католиците и протестантите. Голем број на Македонци себе си се сметаат атеисти. Во последно време, може да се сретнат и следбеници на агностицизмот (види: агностицизам), односно агностици.
[уреди] Архитектура
Типичниот образец за македонската градска куќа е двокатна нискоградба со испакнат горен кат, варосана бела фасада, и црно-обоени дрвени носечки столбови и рамки за прозорци.
Селската куќа, пак, е изградена најчесто од камен, со здрава камена фасада, и чардак на вториот кат.
[уреди] Идентитет кај Македонците
Во минатото, Македонците не биле обединети и сплотени како што се денес. Македонците, иако посебен народ со своја посебна култура, заради денационализаторскиот милетски систем се делеле на Грци и Бугари (односно таканаречените „патријаршисти“ и „егзархисти“)[26], но и во недамнешно време како Срби (види Србомани). Но во втората половина на XIX век и почетокот на XX век, започнува Македонската преродба, којашто трае до периодот меѓу двете светски војни, кога Македонскиот идентитет добива масовен карактер, а врвната точка ја достигнува пред, и за време на Втората Светска Војна, кога се создаваат Македонски воено-политички организации, се печати современа литература на изворен македонски јазик, и се отвораат училишта, коишто на младите Македонци им овозможуваат да го учат и негуваат мајчиниот јазик[27].
[уреди] Причини за проблемот со идентификацијата во минатото
Управниците на Отоманската империја, преку создавањето на Рум-Милетот исклучителното право за раководење со духовниот и политичкиот живот на христијаните во империјата им го дава на грчките црковни власти. На овој начин, грчката црква станува официјална институција во отоманска Турција, и започнува да се бори против секоја национална пројава кај различните народи - осoбено на Балканскиот Полуостров[28].
Имено, овој милетски систем доведува до тоа Македонецот да се определува според црквата под чијашто ингеренција се наоѓа. Со создавањето и на бугарскиот и српскиот милет, Македонците биле третирани како Грци, а подоцна и како Бугари и Срби[22]. Со создавањето на училиштата на црковно-просветната пропаганда на соседните држави, овие разделби уште повеќе се задлабочуваат.
[уреди] Македонската преродба
И покрај силната активност на странските црковно-просветни пропаганди, коишто се бореле за создавање на грчка, бугарска и српска националност во Македонија, се појавуваат Македонци кои сметаат дека не се ниту Грци, ниту Срби, ниту Бугари, туку дека се посебен словенски народ - Македонци[29].
Со појавувањето на вакви личности кои пропагираат постоење на посебен Македонски народ, започнува периодот наречен Македонска преродба. А луѓето кои се директно влкучени во овој процес се наречени Македонски преродбеници.
Некои преродбениците се декларираат како директни потомци на Словените кои се населиле во Македонија во 6-ти век[30]; други сметаат дека се потомци на античките Македонци и на Александар Македонски (кого го сметаат за Словен)[31], а трети пак мислат дека се мешавина од двата народа[32]. Едно е важно и кај трите мислења - тоа што се застапуват за посебноста на Македонскиот народ.
[уреди] Истакнати преродбеници
Првиот позначаен македонски преродбеник е Ѓорѓи Пулевски. Пулевски целиот живот го оддава на борбата против турското ропство. Учествува како доброволец во руската армија во војните за ослободување на Србија и Бугарија. Учесник е и во Кресненското востание. Го издава првиот речник на говорен македонски јазик, насловен „Речник од три јазика“, во 1875 година. Во 1880 ја издава и книгата „Слогница речовска“, којашто се смета за прв обид да се направи граматика на македонски јазик. Во неа Пулевски се обидува да создаде основни норми на македонски литературен јазик, комбинирајќи го централно-македонското наречје со словенската писмена традиција во Македонија, притоа креирајќи мошне интересна лексика и позајмувајќи зборови и од другите словенски јазици, но секогаш изразито македонизирани. Во неговата револуционерна поема „Самовила Македонска“, тој говори за посебен македонски народ, независна македонска држава и македонски јазик. Во 1888 во Софија ја формира Славјано-Македонската Книжевна Дружина.
Посебноста на Македонците се споменува и во писмото што Исаија Мажовски, за време на својата посета на Петербург во 1885, му го предава на рускиот цар Александар III од името на македонското (словенското) население од дебарскиот крај, со надеж дека ќе го заинтригира за состојбата во Македонија. Своевидна прокламација на македонскиот национален индивидуалитет и засебност претставува и неговиот говор на рускиот брод „Рицар“ на 18 јули, 1888 година, на пат за Киев, по повод прославата на 900-годишнината од покрстувањето на Русите, кога тој ја истакнува својата теза дека Македонците се директни потомци на античките Македонци, донесени на балканските простори од цар Каран пред 2500 години. Иако историски неточна, оваа изјава е многу важна за процесот на оформување на Македонците[22].
Преродбеникот Димитар Македонски бил првиот Македонец кој уште во 1871 година во својата статија во весникот „Македонија“ од 16 фебруари 1871, по повод македонското прашање запишал: „не зинала земјата па да ги голтне старите Македонци, ами тие се влеале во масата на овој народ“. Оваа негова изјава се смета за прва прокламација на тезата за мешање на македонските Словени и античките Македонци[33].
Докази за пројава на македонски идентитет се и изјаснувањата на војниците од Македонскиот полк во Русија, кои во своите документи, при пристигнувањето во Русија во 1752 година, запишуваат дека се припадници на Македонската нација[34].
Подоцна, во времето на Разловечкото и Кресненското востание, во периодот на 1875 и 1878 година, востаниците себеси јасно се декларираат како Македонци, припадници на македонскиот народ, кој е посебен словенски народ различен од бугарскиот и српскиот. Доказ за ова е Уставот на револуционерниот комитет на Кресненското востание напишан од Димитар Поп-Георгиев Беровски, во кој јасно се говори дека во Македонија живеат Македонци христијани и муслимани и во кој е зацртано создавање на македонска држава[35].
Во овој период за силната национална свест на Македонците, сведочи и големиот македонист, и еден од најнационлно освестените Македонци во тоа време, охриѓанецот Темко Попов. Тој во своето дело „Кој е крив“, напишано на македонски народен јазик во 1887 година, ја запишува реченицата од суштинско значење за свеста за нацоналната посебност кај Македонците: „И сам Исус Христос ако слезит од небоно не можит да го уверит Македонеца оти е Б’лгарин иљи Србин.“.
Прв странски автор кој пишува за постоење на луѓе од Македонија кои се декларираат како припадници на посебен македонски народ е бугарскиот писател Петко Славејков, во својата статија насловена „Македонското прашање“ објавена на 18 јануари, 1871 година, во весникот „Македонија“. Неговата статија е сведоштво за постоење на силната македонска национална свест меѓу Македонците за нивната национална посебност од останатите соседни народи. Во неговата статија тој вели: Македонците себеси се сметале за потомци на старите Македонци, и сметале дека немале ништо заедничко со Бугарите, кои погрдно ги нарекувале „Шопи“, и исто така дека оваа „опасност“ земала големи размери во многу македонски средини (Велес, Скопје, Прилеп, Битола)[36].
Во тоа време се прават и првите обиди за воведување на народен македонски јазик во училиштата, на местото на грчкиот јазик што се изучувал дотогаш. Пример за тоа е и одлуката на Костурската црковна општина во 1882 да воведе народен македонски јазик во училиштата, како и да се изработат учебници на македонски јазик. Ова, тие го побарале и од турските власти, во што јасно се изјасниле дека се Македонци и сакаат да се учи на македонски јазик во нивната област.
Треба да се спомене весникот „Лоза“, којшто се издава во 1892 година од страна на Младата македонска дружина во Софија (по кој и целото ова движење ќе го добие името „лозари“), уредувано од страна на Петар Попарсов и други македонски дејци. Иако карактерот на весникот е спорен (заради учество на врховисти како Милан Матов и Андреј Љапчев во редакцијата), весникот е од огромно значење за посебноста на македонскиот јазик, а со тоа и народ - заради фактот што и покрај тоа што издавачите го владееле бугарскиот јазик, тие сепак сите статии ги пишуваат на изработена од нив азбука (слична со денешната македонска) и на народен македонски говор. Токму поради јазикот на кој бил издаван (македонски народни говори, фонетски правопис, воведување на нови букви), како и заради својата содржина која обработува етнографски, политички и културни елементи од животот на Македонците, наскоро бил забранет од бугарските власти со образложение дека бил сепаратистички.
Дефинитивно највлијателниот македонски преродбеник е Крсте Петков Мисирков, кој во 1903 година во Софија ја печати својата фундаментална книга „За македонцките работи“. Во книгата Мисирков на детален начин ги образложува философските основи на модерниот македонски идентитет - дека Македонецот иако е сроден со Бугаринот и Србинот, тој сепак е посебен, и треба да се бори за таа своја посебност. Објаснува дека училиштата на соседните држави во Македонија треба да се заменат со македонски училишта во кои ќе се предава на македонски јазик и ќе се учи македонска историја. Мисирков, заедно со Димитрија Чуповски и други македонски студенти и емигранти, на 28 октомври 1902 година во Петербург го основа Македонското научно-литературно другарство „Св. Кирил и Методиј“. Автор е на многу дела кои ја разгледуваат тематиката на посебноста и самобитноста на Македонецот. Кон крајот на животот, тој го искажува своето национално самосознание во неговиот последен текст „Самоопределувањето на Македонците“, објавен во весникот „Мир“ на 25 март 1925 год, во кој вели: „Свеста и чувството дека сум Македонец треба да стојат повисоко од сè друго на светов. Македонецот не треба да се слева и да се обезличува живеејќи меѓу Бугари и Срби. Ние можеме да ја констатираме блискоста на српските, бугарските и македонските интереси, но сè треба да биде оценувано од македонско гледиште“[37].
Прв сериозен весник издаван од Македонци, во којшто се потенцира посебноста на македонскиот народ и Македонија, е весникот издаван од страна на Димитрија Чуповски и дејците од Петербуршката Македонска Колонија, „Македонски Глас“. Весникот се издава во периодот 1912-1918 на руски јазик. Опфаќа теми од историското минато и сегашност на Македонците, политичката ситуација, како и за културното богатство. Во неговата статија „За Македонија и Македонците“ издадена во „Македонски Глас“ на 9 Јуни 1913, Димитрија Чуповски дава детален опис на историјата на македонскиот народ, неговиот бит и борбите за ослободување. Димитрија Чуповски и весникот што тој го печати, „Македонски Глас“, се многу важен момент во изградувањето на Македонците, зашто претставува прв обид на Македонците, преку создавање на нивен сопствен медиум, да пропагираат дека Македонците не се Бугари или Срби, туку посебен словенски народ[38].
[уреди] Историја на македонскиот народ
|
Целата историја на македонскиот народ е една непрекината борба за зачувување на својата слобода и достоинството. Почнувајќи од војните меѓу македонските Словени и Византиската Империја, војните против Осламнлиите, буните на Македонците против турското ропство, масовните вооружени востанија против Осламнлиите на крајот од XIX и почекотокот на XX век, сѐ до револуционерното движење и антифашистичката народносослободителна борба 1941-1944 во Вардарска Македонија и 1943-1949 во Егејска Македонија.[39].
Целата таа непрекината борба, на Македонците им го дава епитетот непокорни. Непокорот на Македонецот ја воодушевува европската и американската општественост, и големи историски личности како Вилијам Гладстон, Лав Толстој, Жан Жорес, Фридрих Енгелс, Хенри Брејлсфорд, А.Г. Хелс, Владимир Ленин, Џејмс Баучер, Франц де Јенсен, Ромуалд Пржевалски, Виктор Берар, Терезина Јенкова, Максим Горки, Казимјеж Мочарски и многу други[39].
[уреди] Борбите со Византија
[уреди] Македонските склавинии
За време на словенската инвазија врз Византија, Македонските Словени успеваат да извојуваат пат до најјужните предели на империјата. До крајот на 6 век, целата територија на Македонија (освен Солун и приморските тврдини) е во рацете на Словените. Словенските племиња кои се населуваат во Македонија се Берзити (брсјаци), Смолјани, Струмјани, Драговити, Сагудати, Ринхини, Велегезити и Венити[20].
Во најстарите историски извори за македонските Словени, „Животот на Св. Димитрија Солунски“, тие се опишани како физички издржливи, имуни на многу болести коишто за Ромеите се смртоносни, и многу лукави во војувањето. Откако се населуваат на територијата на географска Македонија, Словените се самоорганизираат во Склавинии - коишто претставуваат полу-државни воено-племенски сојузи, коишто, пак, се обединети во кнежевства - управувани од кнез[23].
Македонските Словени ја создаваат својата прва држава (сојуз на склавинии) уште во дваесеттите години на 7 век, под водството на кнезот Хатсон. Хатсон ја води армијата на македонските Словени во неколку успешни битки против визаниската армија, натерувајќи ја притоа да се сокрие во утврдениот град Солун. Хатсон подоцна решава да изврши напад врз Солун. Словените од 584 до 677 година извршуваат пет напади и две долги опсади на градот Солун. Најголем е нападот организиран од кнез Хатсон, 614-616. По почетните триумфи, во самата битка за градот, кнез Хатсон загинува, а армијата на македонските Склавинии е поразена. 50 години подоцна, македонските склавинии се соземаат и почнуваат нов напад врз Солун под водството на кнез Пребонд. Градот е под опсада долго време, но армијата на кнезот е поразена, и македонските Словени потпаѓаат под византиска власт[23].
[уреди] Самуилово Царство
По ослабувањето на Бугарската држава заради долгогодишните војни со Византија, управникот на областа Македонија, комит Никола, во 970 година се одделува, формирајќи своја држава. По краткотрајна борба за превласт помеѓу неговите четири сина, во 976 година на чело на новоформираната држава застанува Самуил. Престолнината на новата држава е градот Преспа[40].
Самуил води 20 годишна војна со Византија, којашто цело време врши напади врз неговата држава. По почетните победи, неговото царство се проширува кон териториите на денешна Република Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, северозападна Грција, северна и западна Бугарија. Следните десет години, Самуил води успешни борби за сочувување на териториите на својата држава. Но во јули 1014 година, во битката кај Беласица, неговата армија е поразена од византискиот император Василиј II Македонски.[40].
Иако не успева да ја сочува независноста на неговата земја од Византија, Самуил со децении успешно се спротивставува на Византија и останува во историјата како единствениот водач кој успеал да го победил Василиј II во битка.
Иако потеклото на Самуил е спорно, треба да се потенцира дека неговата армија е составена исклучиво од луѓе од Македонија. Неговото име и дело е врежано во традициите на македонскиот народ и понатаму неговото име се спомнува како дел од процесот на народната преродба.
[уреди] Државата на Добромир Хрс
Позначајни македонски буни против византискиот гнет се организираните буни од страна на Добромир Хрс и Петар Дељан[20].
Во моментот кога Византија започнува поход против бугарските востаници во Велико Трново, во околината на град Струмица, се дига востание. Востанието е водено од македонскиот бољар Добромир Хрс. Во 1190 година, востаничка војска од 600 души под негова команда го напаѓа и освојува од Византијците, утврдениот град Струмица. Веднаш потоа, мобилизирајќи го локалното население ги раширува границите на своите владенија[40].
Добромир хрс се покажува како итар дипломат кога во 1193 година склучува пакт со Византијците, кои му ги признаваат територијалните придобивки околу Струмица, и почнува војна против Бугарите. Кога гледа дека Византијците си ја повраќаат силата и постигнуваат успеси во борбата против Бугарите, Хрс го ракинува пактот со Грците и ги напаѓа нивните владенија на запад од Вардар. Успевајќи да им нанесе десетици порази на Византијците, Хрс ги освојува градовите Прилеп и Битола, како и гратчето Просак (денешна Демир Капија), коешто го прогласува за престолнина. Следните неколку години успева да осигура стабилност на неговата држава, војувајќи и против Византија, и против Бугарија[20].
Но во 1205 година, под ударот на десет пати поголемата византиска армија, државата на Хрс е покорена. Хрс засекогаш останува во македонската историја како најуспешниуот и најлукавиот владетел-дипломат.
[уреди] Борбите со Османлиите
Во почетокот на 14 век, по сеодајна борба против османлиските Турци, територијата на Македонија паѓа под Османлиска власт. Периодот од 1400 до 1912 година од страна на македонската наука се нарекува османлиско ропство, или едноставно турско ропство[20].
Целиот овој период, македонскиот народ, како и други христијански народи, е изложен на еден постојан физички гнет. Честите колежи и насилното исламизирање доведуваат до драстични демографски промени кај македонскиот народ. Специјалните закони за ограничување на правата на немуслиманите, прават Македонецот да биде слуга на Турците и другите азијатски народи-колонизатори на Балканскиот полуостров[41].
Но македонскиот народ својот револт го манифестира со многуте буни и востанија. Уште од првите децении на османлиското ропство, македонските планини се полнат со ајдути - заштитници на народот и борци против неправдата[20].
Првите вооружени пројави се неорганизирани, спонтани, и најчесто имаат карактер на селски буни. Но на крајот на XIX и почетокот XX, особено по формирањето на ВМОРО, востанијата се организрани и даваат забележителни резултати[42].
И покрај петвековното ропство, македонскиот народ успеал да го сочува својот јазик, традиција и културно наследство.
[уреди] Востанија
[уреди] Карпошовото востание
Првото поголемо и позначајно македонско востание е Карпошовото востание. Тоа е организирано од страна на легендарниот македонски водач Карпош. Карпош е роден во кумановското село Војник. Отпрвин Карпош бил рудар, но неможејќи да ги поднесе тешките услови и понижувањето, се вооружал и отишол во планина како ајдутин. За време на Австро-Турската војна, Карпош почнал да го организира народот по селата создавајќи притоа силна востаничка армија. Стапува во контакт со австриската армија, којашто му дава дури и еден одред од Австријци и Унгарци, којшто ќе биде под негова команда[43].
Карпошовата востаничка армија од 5000 души води неколку битки со Турците, кои завршуваат со пораз за Турците, притоа успевајќи во цела Северна Македонија да создаде слободна востаничка територија. Благодарение на активноста на Карпошовата војска, Австријците успеваат да стигнат до стратешки победи, и како благодарност и признание за борбата на македонските востаници на Карпош, австрискиот император го прогласува Карпош за Крал на Куманово и вазал на Австрија[43].
Во понатамошниот тек на војната, Австрија не успева да ја донесе ветената помош, и слободната територија во Северна Македонија е покорена и востанието брутално задушено. Самиот Карпош е обесен во Скопје, на Камениот мост во 1689 година.
[уреди] Разловечко
Повлијаени од Херцеговското востание и од подготовките на Русија за војна против османлиска Турција, во источна Македонија започнува една револуционерна дејност. Беровскиот првенец Димитар Поп Георгиев и неговиот дедо Поп Стојан Разловечки се водачи на ова движење. Тие прават конспиративна група која подготвува и почнува да исполнува план за востание во источна Македонија. Без да разберат турските власти, групата предводена од Димитар Поп-Георгиев агититира по селата и започнува да ги вооружува селаните со пушки купени од Кочани и од Ќустендил[44].
Иако успеваат да вооружат неколку села, заради едно недоразборање - имено мислејќи дека се откриени од властите, раководителите на 8 мај 1876 година објавуваат предвремено востание. Востаниците го преземаат селото Разловци, а следните денови во битки со Турците ги освојуваат и останатите села во регионот. Востанието заради тоа што е неподготвено трае само една недела, но е од големо значење за Македонците, затоа што претставува прво современо македонско востание, што е навистина израз на самостојна револуционерна дејност, со учество на сите општествени слоеви: учители, свештеници, трговци и занаетчии, а најмасовно учество земаат македонските селани[44].
Четите под раководство на Димитар Поп Георгиев се префрлуваат во Пиринска Македонија и Бервско, кадешто следната година го организираат попознатото и поуспешно Кресненско востание