Портал:Биологија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Република Македонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Математика · Философија · Наука · Општество · Технологија
Избрана слика
Два лимони
Од 1831 до 1836 година учествува во научната експедиција на бродот „Бигл“, која имаше пресудно значење за поставување на неговата теорија за органската револуција, која беше во спротивност со учењето на црквата. Неговите записи се ремек дела на научната експозиција, пишувани со јасен и логичен стил. Во своето капитално дело „Потеклото на видовите“ ја изнесе суштината на трансформистичките документи наречени „дарвинизам“.
Иглокожите имаат петтозрачна радијална симетрија, што значи дека нивното тело може да се подели на пет повеќе или помалку слични делови околу централната оска. За разлика од другите радијално симетрични животни, овие се развиваат од билатерално симетрична ларва и зачувуваат дел од билатералноста и како возрасни единки.
- Сивиот сокол е најбрз жив организам и може да развие брзина до 320 km/h.
- Човекот заедно со човеколиките мајмуни припаѓаат во семејството на приматите.
- Сунѓерите се животни, а не растенија.
- Делфинот и китот се цицачи, а не риби.
- Лисјата на кактусот се преобразени во боцки, а функцијата на фотосинтеза ја врши неговото стебло.
- Најголем жив организам е синиот кит кој достигнува должина до 30m.
- Целосното име на ДНК е деоксирибонуклеинска киселина.
- Наследните особини кај организмите ги пренесуваат гените и хромозомите.

