Портал:Политика

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
уреди  

П О Л И Т И К А

Политиката е процес и метод на донесување одлуки во рамките на една група. Иако генерално се однесува на власта, политика како концепт се среќава во сите форми на меѓучовечки односи вклучувајќи ги и корпорациските, академските и религиозните односи.

Политичките науки го проучуваат политичкото однесување при што во прв ред се проучува стекнувањето и спроведувањето на власта, т.е. способноста да се наметне волјата на еден над друг.


уреди  

Избрана статија

График на политичкиот спектар
График на политичкиот спектар
Политички спектар, политичка ориентација или политички компас е дводимензионален модел со две оски на коишто можеме да ги организираме политичките идеи на повеќе рамништа. Ова е најновиот начин за разграничување на политичките идеи, зашто оригиналниот француски систем со една оска (левица наспроти десница), што бил во широка примена со векови, се покажал недоволно прецизен.

Терминот политички компас води потекло од вебсајтот политички компас којшто ги прати програмите на разни политички партии и изјавите на главните претставници на партиите и врз основа на тоа ги распределува партиите по две оски, и тоа по економска (левица - десница) и општествена (либерално - авторитативно).

Главниот принцип на којшто се заснова политичкиот компас е тоа што политичките гледишта можат да бидат поделени на две независни оски. Економската (левица - десница) оска одредува нечие мислење околу тоа како би требало да се води економијата: „левицата“ е дефинирана како поглед дека економијата треба да води кооперативно колективно тело (најчесто држава, но може да се гледа на неа и како комуна), додека „десницата“ е дефинирана како поглед на економијата како систем од конурентски поединци и организации. Другата оска се обидува да разграничи нечии погледи кон општеството и нивото на индивидуалната слобода дозволена во општеството: „либерализмот“ го претставува убедувањето дека личните слободи треба да бидат зголемени до максимумот, додека „авторитаризмот“ е дефиниран како верување дека авторитетот и традицијата мораат да бидат почитувани пред личните слободи.

уреди  

Избрана биографија

Абрахам Линколн (18091865) често се смета за најголем американски претседател (1861-1865) по основањето на САД. Секако, неговите манири помогнале да добие татковски имиџ каков што ниеден претседател по него го немал. Тој бил умен, цврст, стрплив и со многу разбирање за луѓето кои послабо стоеле од него. Почнал да работи како продавач, бил управник на селска пошта, но потоа се определил да студира право.

Линколн станал претседател во 1861 година. Во тоа критично време за САД, земјата била жестоко поделена околу ропството. Белците од северните држави не го одобрувале, додека белците од јужните држави го сметале како неопходно за нивните плантажи на шеќерна репка и памук. Луѓето од север не се согласувале со начинот на кој несреќните црни луѓе биле третирани. Па, југот се отцепил од сојузот и ги формирал Конфедеративните Држави на Америка, составени од седум држави. Граѓанската војна избувнала во 1861.

Линколн донел одлука да го зачува сојузот во целина и да го укине ропството. Затоа го поддржал Северот со сите средства кои му стоеле на располагање. Во 1862 година Линколн прокламирал дека почнувајќи од 1 јануари 1863 година, сите робови во конфедеративните држави се слободни. Во 1863 ја одржал познатата беседа во која меѓу другото рекол: “ ... Пред 87 години нашите татковци на овој континент создадоа нова држава, изразена во слобода и посветена на претпоставката дека сите луѓе се создадени еднакви ... “.

Овој блескав човек бил убиен во театар од луд артист, само неколку дена по крајот на Војната.

уреди  

Избрана слика

Зградата на парламентот на Република Македонија
Зградата на парламентот на Република Македонија
уреди  

Вести и тековни настани

19 Јули 2007
Група парламентарци од Советот на Европа бараат Грција да објасни зошто ги дискриминира Македонците-бегалци
Група парламентарци од Советот на Европа бараат Грција да објасни зошто ги дискриминира Македонците-бегалци

  • Европа, конечно, ќе слушне за маките на Егејците
  • Бучковски: Пресудата за армиското оружје е неверојатна
  • Македонските компании ќе смеат да отвораат сметки во странство


уреди  

Избран цитат

Насилството е оружје на слабите; ненасилството - на силните.

Махатма Ганди


уреди  

поврзани портали


уреди  

Категорија



уреди  

Информации за проектот

Благодариме за вашиот интерес. Доброволци за учество во проектот се добредојдени, ако сакате да се придружите на овој проект, можете да се вметнете во листата на членови на проектниот тим.

Потребни статии: Политичка идеологија, Политички организации, Политички системи, Меѓународна политика

уреди  

Преглед на теми од областа на политиката

Голем број на статии во википедија се поврзани со политика, посебно со политичката наука, демократијата и различни аспекти на демократските системи, посебно со изборите. Генерално, на некој начин сите статии имаат некоја врска со политики или демократски процес на одлучување.

Општо

Политички системи/форми на владеење

Политички теории и идеологии

Политички теоретичари