2007
Од Википедија, слободна енциклопедија
| < 20 век | 21 век | 22 век > | |||||||
| 01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 2010 |
| ... | |||||||||
[уреди] Настани
- 1 јануари - Словенија ќе го прифати еврото како национална валута, заменувајќи го толарот.
- 1 јануари - Бугарија и Романија влегоа во ЕУ.
- 1 јануари - Ангола станува членка на ОПЕК.
- 2 февруари - Марти Ахтисари го претстави својот предлог план за финалниот статус на Косово, со кој се предвидува независност на јужната српска покраина под меѓународен надзор.
- 11 февруари - Јован Манасиевски е избран за нов претседател на Либерално демократската партија.
- 11 февруари - Во Португалија на референдум е изгласано легализирање на абортусот.
- 14 февруари – Собранието на Србија донесе резолуција со која го отфрла планот на Ахтисари за решавање на статусот на Косово.
- 5 март – Започнува повеќе-месечниот протест на стечајците пред Собранието на Република Македонија.
- 16 април - Во Хаг започна судскиот процес против поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски за наводни воени злостроства во конфликтот во 2001. Покрај Бошкоски обвинет е и Јохан Тарчуловски.
- 22 април - Ѓорѓи Трендафилов е избран за претседател на ВМРО-Народна партија.
- 6 мај - Претседателски избори во Франција: Николас Саркози е избран за претседател на Франција.
- 16 мај - Николас Саркози ја презеде претседателската функција во Франција.
- 19 мај - Марија Шерифовиќ од Србија со песната Молитва победи на Евровизија која се одржа во Хелсинки, Финска.
- 18 јуни - Собранието на Република Македонија го избра Абдураман Мемети за министер за локална самоуправа со што и формално Партијата за демократски просперитет станува дел од владината коалиција.
- 30 јуни - Мендух Тачи е избран за лидер на Демократската партија на Албанците.
- 7 јули - Во девет градови ширум светот се одржуваат концерти за подигнување на свеста за климатските промени насловени Live Earth.
- 14 јули - Русија се повлекува од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа.
- 24 јули – Бугарските болничарки и палестинскиот лекар обвинети дека заразиле со ХИВ деца во Либија се ослободени од затвор.
- 3 ноември - Первез Мушараф прогласува вонредна состојба во Пакистан.
- 17 ноември - Се одржуваат парламентарни избори во Косово.
- 2 декември – На парламентарните избори во Русија победува про-путиновската Единствена Русија, освојувајќи 64% од гласовите.
- 10 декември – Преговорите под закрила на Обединетите Нации помеѓу српската и косовската делегација завршуваат без изнаоѓање компромис.
- 13 декември – Европските лидери го потпишуваат Лисабонскиот договор.
- 15 декември – Первез Мушараф ја укинува воената состојба во Пакистан.
- 21 декември – Естонија, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка се приклучуваат кон Шенгенската зона.
- 27 декември – Во Равалпинди е извршен атентат врз поранешниот премиер на Пакистан и опозициски лидер, Беназир Буто.
- 27 декември – Во Кенија се одржуваат претседателски и парламентарни избори. По објавувањето на резултатите доаѓа до насилства при кои загинуваат повеќе лица.
[уреди] Родени
[уреди] Починале
- 8 јануари - Ен Никол Смит, американска актерка
- 30 јануари - Синди Шелдон, американски писател
- 5 март – Иван Супек, хрватски физичар, филозоф и писател
- 6 март - Жан Бодријар, француски филозоф
- 11 април - Курт Вонегат, американски писател
- 22 април - Томе Арсовски, македонски писател
- 23 април - Борис Елцин, руски претседател
- 29 април - Ивица Рачан, хрватски премиер
- 6 мај - Ѓорѓе Новковиќ, хрватски композитор
- 14 јуни - Курт Валтхајм, австриски политичар и дипломат
- 17 јуни - Џанфранко Фере, италијански дизајнер
- 30 јули - Микеланџело Антониони, италијански режисер
- 30 јули - Ингмар Бергман, шведски режисер
- 7 август - Ернесто Алонсо, мексикански продуцент
- 6 септември - Лучијано Павароти, италијански тенор
- 21 септември - Петар Стамболиќ, српски политичар
- 6 октомври – Лаза Ристовски, југословенски музичар
- 11 октомври - Шри Чинмој, индиски духовник
- 16 октомври - Тоше Проески, македонски пејач
- 20 ноември – Јан Смит, родезиски премиер
- 27 декември – Беназир Буто, пакистански премиер
Видете исто:

